Генчовска: Бугарија ќе помага на молдависко-романската граница за олеснување на протокот на бегалците од Украина

Од:

Шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска, денеска се наоѓа во посета на Молдавија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа во Кишињев се договорила со својот молдависки колега, Нику Попеску, да се постават заеднички пунктови на молдависко-романската граница за да се олесни протокот на бегалци кон Романија и кон Бугарија.

-Софија може да му помогне на Кишињев, додаде шефицата на бугарската дипломатија. Таа кажа дека тоа се случило во време кога Молдавија има најголема потреба поради товарот на војната во Украина.

Генчовска во Кишињев коментираше дека Софија е свесна дека бранот бегалци ќе се зголемува. Затоа се разговараше за неколку конкретни предлози, додаде таа.

Попеску од своја страна кажа дека во Молдавија има 100.000 бегалци, од кои 40.000 се деца.

На средбата на министрите за надворешни работи на Бугарија и на Молдавија било поставено и прашањето за обезбедување дополнителни автобуски линии. Бугарската влада ќе го разгледа прашањето за нивното финансирање.

Попеску истакна дека била разгледана и можноста за европска интеграција на Република Молдавија. Министерката Генчовска истакна дека на неколку европски состаноци во формат на Европскиот совет е потврдена европската перспектива за Украина и европската интеграција на Молдавија и Грузија.

На крајот од еднодневната посета на Молдавија, покрај Кишињев, Генчовска ја посети и областа населена со локални Бугари, Бесарабија, чиј дел е во југозападна Украина.

Генчовска со владин авион ќе превезе во Бугарија и дел од бесарабските Бугари кои бегаат од војната во Украина кои ја преминаа молдавско-украинската граница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3