Ќе му се суди на возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол”

Од:

Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, во врска со сообраќајката пред Сити мол, во која животот го загуби 24-годишна девојка, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., кој ја прегази девојката, се одобрува во целост.

„Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост. Врз основа на оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр 496/22 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења“, соопшти Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот, кого го направивте жртва

Кристијан Ландов

Апелација одлучи возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ да лежи четири години затвор, наместо три

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пијаница со 150 км/ч ми го уби детето, издржа казна четири години и излезе, каде јас да барам правда, праша мајка на протестот пред судот

Маја Илиевска-Пачемска

Вложена жалба на пресудата за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

Ана Ололовска

Сестрата на загинатата Викторија: Срамота за судот, имате ли барем грам човечност?

Кристијан Ландов

Протест пред Кривичен в петок, поради тригодишната казна за возачот кој ја усмрти Викторија

Кристијан Ландов