Кривична пријава за охриѓанка поради измама

Од:

Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишија од слобода 35-годишната В.М. од Охрид затоа што на 2 март годинава во 18.54 часот 24-годишната Е.О. од Скопје пријавила дека во 17.32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „Измама при добивање кредит или друга погодност“ казниво по член 249 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски