Американскиот Конгрес подготвува трговски мерки против Русија и забрана за увоз на руски енергенси

Од:

Лидерите од Претставничкиот дом и Сенатот на американскиот Конгрес, од комисиите за трошоци и финансии, изјавија дека подготвуваат нацрт-закон според кој се прекинуваат нормалните трговски односи со Русија и Белорусија, јави денеска Си-ен-ен.

Нацрт-законот предвидува Белата куќа да уреди зголемување на царинските давачки за увоз на стока од Русија. Потоа, им дава право на трговските претставници на САД да побараат отстранување на Русија од Светската трговска организација, и да го запрат зачленувањето на Белорусија во СТО.

Во нацрт текстот на законот се предвидуваат и законски можности за забрана за увоз на енергенси од Русија, и прекинување на вообичаените трговски односи со Русија и Белорусија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Москва: Руските вооружени сили продолжуваат со операциите