Ламбрехт: Размислуваме да испратиме уште оружје за Украина, но тоа да не биде на штета на одбранбената моќ на Германија

Од:

Германската влада размислува да испрати повеќе оружје во Украина, но не сака да ја загрози одбранбената моќ на самата Германија, јави ДПА.

-Испитуваме сè што е можно. Но, мора да биде јасно дека не смееме да ја ослабиме нашата армија, изјави гњерманската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт.

„Нашата задача е да ја гарантираме одбраната на земјата и на Алијансата“, изјави Лабмрехт денеска за јавната телевизија ЗДФ.

Министерката нагласи дека планираниот специјален фонд од 100 милијарди евра за Бундесверот не значи дополнително вооружување, туку опремување на армијата.

Таа објасни дека станува збор за модерни радио уреди, панцири, но и замена за авионите Торнадо, како и за хеликоптери и тенкови.

-Со овие 100 милијарди евра можни се набавките на кои се обврза Германија, рече министерката Ламбрехт.

„Значи, не станува збор за тоа што музички желби че почнат да пристигнуваат. Секако дека не. Станува збор дека сега можеме да го набавиме тоа што навистина ни е потребно“, рече германската министерка за одбрана.

Таа најави и големи промени во системот за набавки на армијата, што се смета за причина за доцнењето и поскапувањето на воените проекти.

Како што додаде, објавувањето на тендерите не смее да се развлекува по 10 или 15 години.

-Тоа мора да оди побрзо и многу поефикасно. И така ќе биде, заклучи Ламбрехт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат