Борел: Европа може да очекува да прими пет милиони бегалци

Од:

Европа може да очекува да прими пет милиони бегалци доколку продолжи руската инвазија врз Украина и бомбардирањето на градовите, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, јави дописникот на МИА.

-Ако продолжат бомбардирањата, ако продолжат неселективните бомбардирања на градовите можеме да очекуваме пет милиони бегалци, прецизираше високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност на состанокот на министрите за надворешни работи и развој на ЕУ, што се одржува во Монтпелје.

ОН во последните денови веќе укажа дека четири милиони луѓе можеби ќе сакаат да ја напуштат Украина доколку војната продолжи. Повеќе од 1,7 милиони луѓе веќе побегнале од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, според најновите денешни податоци од ОН.

-Во овој случај, мора да се подготвиме да примиме пет милиони луѓе, кажа Борел, оценувајќи дека е потребен значителен финансиски напор за да се справиме со оваа ситуација.

На 1 март, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вети дека ќе одвои најмалку 500 милиони евра од европскиот буџет за хуманитарна помош по руската инвазија на Украина. Според Жозеп Борел, веќе е ослободена е првата рата од 100 милиони за Украина и Молдавија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени