Официјално дванаесет кандидати за претседател на Франција

Од:

Неизвесноста заврши, на гласачкото ливче за првиот круг од претседателските избори во Франција, закажани за следниот април ќе се натпреваруваат 12 кандидати. Меѓу нив, шест веќе беа кандидати на претходните претседателски избори, јави дописникот на МИА.

Уставниот совет на Франција овој понеделник, 7 март, ја објави официјалната листа на кандидати за претседателските избори. Дванаесет од нив успеаја да ги соберат потребните 500 потписи на големи избирачи (градоначалници и советници), односно еден повеќе од 2017 година и два повеќе од 2012 година – во 2002 година имаше рекордни 16 канидати. Претседателот во заминување, Емануел Макрон, конечно ја официјализираше својата желба повторно да застане минатата недела, во „Писмо до Французите“ објавено во регионалниот печат. Притоа, тој им се придружува на своите единаесет противници, од кои некои се во трка веќе неколку месеци.

Лидерката на Националниот собир, Марин Ле Пен, веќе кандидатка во 2012 година и се квалификуваше во вториот круг од гласањето во 2017 година, повторно е во игра. Таа доби 33,90 отсто од гласовите дадени против Емануел Макрон пред пет години. Сепак, таа овојпат е во конкуренција со друг претендент од националистичкиот табор, Ерик Земур. Што се однесува до суверенистот Николас Дипон-Ењан, кој во 2017 година доби 4,70 отсто од гласовите и во 2012 година 1,79 отсто, тој исто така се претставува по трет пат.

Кај десницата, Валери Пекрес ќе ги претставува Републиканците, додека пратеникот на Атлантските Пиренеји, Жан Ласал, по 1,21% од гласовите во 2017 година, ќе биде кандидат по втор пат.

Кај левицата дури шест кандидати. Бунтивникот Жан-Лук Меланшон по трет пат си ја пробува среќата, но без поддршка од Комунистичката партија, која за прв пат од 2007 година претставува кандидат преку својот генерален секретар Фабиен Русел. По трет пат е присутна и претставничката на Работничката борба Натали Арто, како и кандидатот на Новата антикапиталистичка партија Филип Путу, кој во последен момент успеа да ги собере своите 500 потписи. На стартната линија е и кандидатот за прв пат, градоначалничката на Париз, Ан Идалго, како и екологистот Јаник Жадот, кој се повлече во 2017 година во полза на социјалистот Беноа Хамон.

Војната во Украина, сепак, делумно ја засенува претседателската кампања засега. Анкетите покажуваат дека во оваа фаза меѓународната ситуација може да го фаворизира претседателот во заминување, Емануел Макрон кој е кредитиран со повеќе од 30 отсто од намерите за гласање, далеку пред Марин Ле Пен (14,5 отсто), Ерик Земур (13 отсто), Жан. -Лук Меланшон (12 отсто) и Валери Пекресе (11,5 отсто). Акруелниот шеф на француската држава засега е даден победник во сите сценарија предвидени за вториот круг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата