Мицкоски: СДСМ не ги зголемува пензиите, го враќа моделот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Тоа што им го украдоа на пензионерите и за кое што зборувавме уште пред три години, се обидуваат сега да го санираат, претставувајќи го како некој иновативен Швајцарски модел, а тоа е практично законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа закон со кој им ги намали пензиите на пензионерите, и сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат Швајацрски модели рече лидерот на Вмро-дпмне денеска во Штип во врска со закнот за зголемување на пензиите.

Тој дополни дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш зборуваше колкав е грабежот и за колку се оштетени пензионерите со тој закон на власта кој го донеле, и сега зборува.

Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ во собранието поднело вистинска мерка за покачување на стандардот на пензионерите и пензиите, но за жал од оваа криминална власт тоа не беше прифатено, за сега преку некој трикови да се обидуваат да претстават некаков Швајцарски модел, кој што нема ништо Швајцарско во него, единствено ќе продолжат да врват тендерите и криминалот ќе тече.

Тој потцрта дека нема зголемување на пензиите, туку дека се враќа моделот што беше укинат, без да се вратат парите кои им се земени овие три ипол години.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

Мицкоски побарал телефонски разговор со Фон дер Лајен за проблемот на превозниците

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ