Зеленски им се заблагодари на „народите на Европа“ за поддршката

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва преку Зум им се обрати на демонстрантите собрани во голем број европски градови, кои излегоа на улиците за да ја поддржат Украина во борбата против руската инвазија.

– Првата минута од ова обраќање ќе биде минута молк за сите оние кои загинаа во борбата за својата земја, за нашите војници, за сите оние кои прават херојски дела бранејќи ја нашата земја, за оние кои ги дадоа своите животи, изјави Зеленски во неговото обраќање до демонстрантите во Братислава, Франкфурт, Прага, Лион, Тбилиси, Виена и Вилнус.

– Им посакувам се најдобро на народите во Европа. Нашите војници, нашите херои, овие денови ја штитат нашата Украина, нашата Европа и вашата Европа, додаде Зеленски.

Зеленски го искористи последниот дел од своето обраќање за да вети победа во војната, која ја нарече „победа на Украина и победа на демократијата“.

– Сакам да ве повикам да не молчите. Сакам да излезете на улиците на вашите градови и да ја поддржите Украина, да го поддржите нашиот напредок и нашата борба, бидејќи ако Украина падне, и Европа ќе падне. Ако ние паднеме, ќе паднете и вие, затоа немојте да молчите и не ја вртете главата, истакна украинскиот претседател.

– Излезете и поддржете ја Украина колку што можете повеќе. Ако победиме, а сигурен сум дека ќе победиме, тоа ќе биде победа за целиот демократски свет. Тоа ќе биде победа за нашата слобода. Тоа ќе биде победа на светлината над темнината, слободата над ропството. Ако победиме, ќе напредуваме како Европа, а Европа ќе напредува повеќе од кога било по таа славна победа. Слава на Украина, заклучи Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ