ВИДЕО: Голем протест за поддршка на Русија во Белград: „Путин е најсилен“

Од:

Со пораки за поддршка на Русија, и со старт во близина на Претседателството на Србија, голем број граѓани кон протестот и маршот низ по центарот на Белград.

Насобраните извикуваат пораки за поддршка на Русија, која минатиот четврток започна воена инвазија на Украина.

На учесниците на протестот од бината им се обратија претставници на екстремно десничарските организации – Дамњан Кнежевиќ од Народната патрола и Младен Обрадовиќ од Образ.

Тие порачаа дека доколку Србија по изборите воведе санкции кон Русија, двојно повеќе луѓе ќе излезат на улица отколку вечерва.

Кнежевиќ испрати порака до Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и РТС дека „русофобијата во Србија е статистичка грешка“ и дека „на секој Србин Русинот му е брат“.

„Колку и да не притискаа со санкции во 1992 година и сега во 2022 година во Русија, колку и да не напаѓаат и да нудат светлина, сето тоа е капка во океанот за една словенска душа“, рече Кнежевиќ, додавајќи дека „нема Србин кој на Русија и Белорусија ќе им воведе санкции“.

Обрадовиќ рече дека „Русија го ослободува целиот свет од заканите на НАТО“ и дека денес „Путин покажа кој е најсилниот и најхрабриот државник во светот“.

Собирот започна со интонирање на химните на Србија и Русија, граѓаните носеа руски и српски знамиња и извикуваа „Русија, Русија“, „Србите и Русите се браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“.

Демонстрантите потоа отидоа на прошетка до руската амбасада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија