Њујорк, Бостон и Мајами ќе исчезнат во наредните две илајди години поради подигањето на нивото на морето.
Научниците наведуваат дека порастот на просечната температура за еден степен Целзиус ќе го условува порастот на нивото на морето од два метри.
Поради растот на нивото на морето поради глобалното затоплување во наредните 2.000 години многу големи крајбрежни градови, како се американските Бостон, Њујорк и Мајами, наскоро сигурно ќе исчезнат под вода.
Во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences Андерс Леверман заедно со тимот научници од Универзитетот во Потсдам наведува дека нивото на морето во наредните 100 години ќе порасне за два, додека во следните два милениуми и до 10 метри.
– За секој степен Целзиусов коплку ќе порасне просечната температура очекуваме нивото на морето да порасне за два метри – истакна Леверман во извештајот за влијането на глобалното затоплување врз нивото на морињата.
Сите крајбрежни светски градови ќе бидат загрозени, а научниците тврдат дека ќе имаат катастрофални псоследици по северноамериканските градови како Њујорк, Мајами и Бостон.