Илиевска: Власта иако знаела за војната во Украина, 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви

Од:

„Изминативе денови, покрај ситуацијата што се случува во Украина, имавме прилика на медиуми да слушнеме изјава од Пендаровски дека тој знаел уште на 8 ноември минатата година, дека ќе има војна меѓу Русија и Украина, и цели 5 месеци државниот врв не преземал ништо во однос на обезбедување на залихи и подготовка за кризна ситуација. Дури по четири месеци ,на 24 Февруари, е свикан Советот за безбедност, на кој очигледно не се донесени мерки за заштита на нашите граѓани од последиците кои ги предизвикува оваа војна“, рече Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните ја чувствуваат неизвесноста за основните прехранбени продукти, затоа што во еден ден имавме можност да слушнеме 3 различни изјави во врска со стоковите резерви, дека истите се стабилни ,за истиот ден од соседна Србија да слушнеме дека Владата на Македонија испратила барање за испорака на 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка. Дали стоковите резерви биле празни што Владата се решила на ваков чекор и на тој начин Македонија е ставена во ситуација на неизвесност?

Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Или можеби и ова е уште една невистина, па пченицата која ќе ја добиеме од Србија е единствената на која може да сметаме?

Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните залихи на гориво, и дали во земјава има доволно?

Во овој момент покрај што имаме потреба од полнење и зголемување на државните резерви, Владата сериозно и што поскоро треба да ги прифати предлог мерките на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за горивата за 50%. Со ова ќе се спречи неминовниот ценовен шок. Доколку се прифати предлогот на ВМРО-ДПМНE, цената на литар бензин ќе се намали за 13 денари ,а цената на литар дизел гориво за 9,5 денари,што ќе биде олеснување за домашните буџети, воедно и олеснување на компаниите кој нема да одразува зголемување на цените на производите.

Дополнително во поглед на храната,предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на повластената даночна стапка на данокот на додадена вредност од 5% на 0% на граѓаните, дирекно ќе им влијае за подобрување на семејниот буџет и полесно обезбедување на основните потреби за живот.

Потребни се мерки веднаш, зошто ненавременоста ќе ја чини државата стотици милиони денари, понизок стандард, зголемена сиромаштија и глад.

Начинот на кој се грижиш за својот народ, е начин со кој се сака својата држава“, изјави Анастасија Илиевска.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски