ВМРО-ДПМНЕ: Џафери прекрши норми и процедури само за да му удоволи на Заев

Од:

„Автократот од Форино, Талат Џафери направи страшен недемократски преседан во Собранието на Република Македонија. Прекршувајќи низа норми од Уставот и Деловникот разреши пратеник од член на работно тело, без да има одлука од матична Комисија во Собранието. Патем тој самиот поплука на своите зборови кои пред само 2 недели ги кажуваше во интервју на национална телевизија дека тоа не може да се случи“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Класичен заевизам, кажува, заборава па сам себе се негира.

Собранието е законодавен дом и дом на демократијата и не може со него Талат Џафери да се однесува како со своја крчма. Демократијата подразбира почитување на процедури и норми, а сте тоа сега СДСМ и ДУИ го прекршија. СДСМ и ДУИ прават насилие во институциите само за да му ја исполнат желбата на Заев кој им дал лист со имиња на уставни судии кои мора под итно да му ги изгласаат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира