Канадскиот астронаут Крис Хедфилд, кој во претходната мисија во Меѓународната вселенска станица, секојдневно овјавуваше интересни видеа, доби замена, тоа е Карен Ниберг, член на експедицијата 36 во вселената и таа објаснува како се мие коса под единствени услови!
На интересното видео може да се види еден многу поразличен начин на хигиена на косата, односно миење на коса во екстремни услови. Таа во текот на видеото ќе рече дека нема ништо како утринските туширања тука на земјата.
Недостатокот на гравитација во вселенскиот брод дополнително и ја отежнува можноста на Ниберг добро да ја измие косата со шампон, а уште помалку да стави вода и да го измие шампонот.