МААЕ: Иран дополнително ги зголемува залихите на високо збогатен ураниум

Од:

Организацијата за атомска енергија на Обединетите нации денеска соопшти дека Иран дополнително ги зголемил залихите на високо збогатен ураниум, прекршувајќи го договорот со светските сили од 2015 година.

Во доверливиот квартален извештај доставен до земјите-членки, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) наведува дека Иран, според проценките, има залихи од 33,2 килограми ураниум збогатен до 60 отсто, што е повеќе од 15,5 килограми во споредба со ноември.

Таков високо збогатен ураниум може да се користи за производство на атомско оружје, поради што светските сили се обидуваат да ја ограничат нуклеарната програма на Техеран.

Агенцијата со седиште во Виена ги информираше членовите дека сè уште не може да ги потврди точните залихи на збогатен ураниум во Иран поради ограничувањето што Техеран им го наметна на инспекторите на ОН минатата година.

Во извештајот се наведува дека вкупната иранска залиха на збогатен ураниум, според проценките од 19 февруари, изнесува 3.197,1 килограм, што е зголемување за 707,4 килограми.

МААЕ претходно денеска соопшти дека генералниот директор Рафаел Мариано Гроси в сабота ќе отпатува за Техеран на средби со високи ирански претставници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он