Макрон вечерва со „писмо до Французите“ ќе ја објави својата кандидатура за втор мандат

Од:

Се очекува претседателот во заминување вечерва преку видео што ќе биде објавено на социјалните мрежи и писмо во регионалниот печат, да ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат, јави дописникот на МИА.

Сите ја очекуваа оваа најава, но беше непознат само начинот на кој че биде објавена. Утринава Макрон ја потврди својата намера да се кандидира за втор мандат, конечно официјализирајќи ја својата кандидатура за претседателските избори во 2022 година.

Наместо говор од Елисејската палата во стилот на Шарл де Гол или Валери Жискар д’Естен, наместо во ТВ вести во живо како Франсоа Митеран или Никола Саркози; наместо спонатна декларација како Жак Ширак… Макрон се одлучи за „Писмо до Французите“, кое ќе биде објавено вечерва и ќе биде дистрибуирано во петок во сите наслови на регионалниот дневен печат. Како и видео, кое ќе биде објавено истовремено на социјалните мрежи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата