ВМРО-ДПМНЕ: Џафери нека не се однесува со Собранието како со своја крчма

Од:

„Автократот од Форино познат и како Талат Џафери во класичен заевистички манир кажува, заборава па негира. Тој пред само две недели самиот кажуваше дека согласно Деловникот не може без одлука на матична Комисија во Собранието да разреши пратеник од позицијата член во Комисија, за сега да прави правни вратоломи и прекршувања на членови од Уставот и Деловникот и се дрзнува да разрешува, узурпира и крши процедури“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Собранието не е негова крчма, па да се однесува така шерифски. Процедурите и нормите се основни демократски принципи и истите Талат Џафери бесрамно ги прекршува.

Не може само затоа што им текнало на СДСМ-ДУИ 4 минути пред почеток на пленарната седница на Собранието да се вметнува точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата.

Не може ваквото разрешување на член на работно тело да помине без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.

Не може само затоа што Заев дал наредба да се изгласа пусулчето со имиња на Уставни судии, да се прави грубо кршење на Уставот и деловникот и да се деградира Собранието.

Самоволието и институционалното насилие на СДСМ и ДУИ, чиј директен спроведувач е Талат Џафери, создава опасни и недемократски преседани. Ова е газење по волјата на граѓаните и тоа народот ќе го казни, а спроведувачите на налогот на Заев ќе понесат одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет