Блинкен во посета на Полска, Молдавија и балтичките земји поради Украина и бегалската криза

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен неделава патува за Белгија, Полска, Молдавија, Летонија, Литванија и Естонија, со цел продлабочени консултации и координација со сојузниците во НАТО и европските партнери, за континуираната, однапред планирана, неиспровоцирана и незаконска руска војна против Украина.

Од Стејт департментот денеска соопштија дека Блинкен посетата ќе ја започне во Брисел, каде ќе учествува на министерски состанок на НАТО, ќе се сретне со европските колеги, и ќе учествува на министерска средба на Г-7.

Со партнерите и сојузниците тој ќе дискутира за глобалниот одговор на руската инвазија, како и координација за наметнување огромни консеквенци и жестока економска цена за Русија.

Блинкен в петок патува за Полска каде ќе се сретне со полските лидери, на разговор за понатамошна безбедносна асистенција во однос на руската континуирана агресија врз Украина.

– Тој ќе се заблагодари на Полска за искреното добредојде на стотици илјади раселени лица од Украина, и ќе дискутира како САД можат да ја зајакнат хуманитарната помош за оние кои бегааат од војната на Путин, се вели во соопштението.

Блинкен потоа ќе замине за Молдавија, Литванија, Летонија и Естонија. Во текот на посетата на четирите дестинации тој ќе се заблагодари за прифаќањето бегалаци, и напорите да се зајакне одбраната на НАТО, да се промовира демократија и човековите права, како и воспоставување подлабока економска и енергетска соработка со сојузничките балтички земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски