Грузија итно подготвува барање за кандидатски статус во ЕУ

Од:

Шефот на владејачката грузиска партија Иракли Кобахидзе вели дека тамошната влада подготвува итно барање за статус на кандидат за членство во ЕУ, кое утре ќе го достави до Брисел.

Кобахидзе вели дека одлуката е донесена поради „општата политичка ситуација и новата реалност“.

Од почетокот на руската инвазија се одржуваат ноќни улични собири во знак на солидарност со Украина, но и поради гнев од одлуката на грузиската Влада да не се приклучи кон меѓународните санкции против Русија.

Владата во понеделникот одби да дозволи група грузиски доброволни борци да го напуштат меѓународниот аеродром во Тбилиси и да се приклучат на војната во Украина.

Во знак на протест, украинскиот претседател Володимир Зеленски го отповика својот амбасадор во Грузија.

Грузиската Влада стравува да не ја испровоцира Русија, која има воени бази во отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија.

Но, грузиските власти се под притисок во земјата да покажат дека остануваат посветени на пристапувањето во НАТО и ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Во моментов нема услови за разговори меѓу Русија и Украина

Со беспилотни летала Украина ги нападна руските рафинерии во Краснодар, една од нив престана да работи

Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичив

Украина од фронтот ги повлекува американските тенкови „Абрамс“

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД