Полицијата во Париз синоќа приведе лица од два автобуса кои најверојатно сакале да се упатат кон Полска, пишува „Фигаро“.Според информации на весникот, меѓу нив има и десетина украински легионери ангажирани во француската армија.
Се работи за Украинци кои биле однесени во полиција за да се потврди законитоста на нивното право на престој, јави дописникот на МИА.
-Сите овие луѓе сакаа да одат во Украина за да војуваат, изјави полициски извор за Фигаро.
Вкупно, 14 украински легионери и 13 цивилни доброволци – опремени со целосна воена униформа – беа приведени.
Извор: МИА