Крај на претседателската трка за Кристин Тобира. Поранешната министерка за правда утринава како што рече „стави крај на бескорисната суспензија“ на нејзината кандидатура за претседателските избори, јави дописникот на МИА.
Со само 181 спонзорство (потписи од големите избирачи) од потребните 500, пребројани од Уставниот совет во вторникот вечерта, сега веќе поранешната кандидатка се согласи дека „нема да може да ги собере 500-те спонзорства“ до петок, крајниот рок.
Таа смета дека била „спречена да се кандидира со административна мерка“, оценувајќи дека тоа е „застарена“ мерка“.
„Оваа кампања ќе биде фатална за неа и тоа е добра вест“, рече таа. Кристијане Тобира, сепак, не најави за кого повикува да се гласа. Едноставно дека ќе го сподели „својот глас во првиот круг во наредните недели“.
Таа беше победник на примарните избори на граѓанска иницијатива, но не успеа да се наметне во кампањата.
Извор: МИА