ЕУ смета на Србија за гласањето во Обединетите нации за агресијата на Русија

Од:

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија Емануел Жофре и шефовите на мисиите на земјите-членки на ЕУ во Белград во заеднички авторски текст во денешен Курир порачаа дека сметаат на Србија на гласањето „за резолуцијата на Обединетите нации (ОН) за руската агресија врз Украина“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Дел од пристапувањето во Унијата е целосно усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика. Денеска Генералното собрание на ОН ќе гласа за резолуцијата на ОН за руската агресија врз Украина. Секој глас е важен. Секој глас се смета. А ние сметаме на Србија“, се вели во текстот објавен во Курир.

Како што истакнаа тие, „ЕУ ја повторува својата непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и дека „Русија мора веднаш да прекине со воената акција, безусловно да ги повлече сите свои сили; и воената опрема од целата територија на Украина и целосно го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина“.

-Употребата на сила и принуда што ги користи Русија нема место во 21 век. Војната никогаш не е решение, како што болно го доживеаја народите на Балканот на крајот на минатиот век. Со ставањето во приправност на своите нуклерани сили, Русија оди потполно по неодговрен пат, порачаа амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Белград.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он