Француските екстремно десничарски претседателски кандидати обезбедија потписи неопходни за учество на изборите

Од:

Француските екстремно десничарски претседателски кандидати Марин Ле Пен и Ерик Земур ги собраа неопходните 500 потписи (спонзорства) потребни за учество на изборите во април, јавија денеска локалните медиуми.

Според францускиот Уставен совет, Земур добил 620 потписи или спонзорства, а Марин Ле Пен 503, објави Ле Монд во Париз.

Кандидатите имаат рок до 4 март да ги соберат потребните 500 потписи или спонзорства за поднесување кандидатура. Спонзорствата се потписи за поддршка на избраниот кандидат од пратеници, советници и други функционери избрани на парламентарните и локалните избори.
Според претходните анкети, рејтингот на Ле Пен и Земур е значително зад оној на актуелниот претседател Емануел Макрон. Тој се смета за фаворит на претседателските избори, иако се уште официјално не ја поднел својата кандидатура.

Според најновото истражување, се очекува Макрон да освои 25 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, кој е закажан за 10 април. Ле Пен може да освои 17 отсто, а Земур 14 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата