Анкара: Преговорите Русија-Украина веројатно нема да продолжат утре

Од:

Малку е веројатно дека украинската и руската делегација ќе се сретнат на утрешните планирани разговори, бидејќи барањата на Москва за прекин на инвазијата се „нереални“, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Најверојатно нема да се сретнат утре. Можно е да биде одложено за неколку дена, ние сме во контакт со преговарачките тимови, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Тој изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го запре нападот, увидувајќи ја економската штета што и ја нанесува на Русија.

Зборувајќи за украинските услови за натамошни разговори со Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е неопходно прво да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина