Вороњин ја напушти Динамо Москва и го нарече Путин „кучкин син“

Од:

Поранешниот украински напаѓач, Андриј Вороњин го раскина договорот со Динамо Москва, каде што беше помошник тренер поради руската инвазија на Украина и го нарече Владимир Путин „кучкин син“ во емотивната изјава.

42-годишниот поранешен фудбалер на Ливерпул работеше две години во Динамо Москва по пензионирањето од фудбалот во 2015 година. Иако е етнички Русин со потекло од Одеса, тој имаше 75 настапи за украинската репрезентација и во интервју за „Билд“ беше остар во изјавите.

„Веќе е можев да работам во земја која ја бомбардира мојата татковина. Што може да направи Германија? Да го сопре тој кучкин син Путин, да помогне на бегалците. И да прати оружје да се браниме. Горд сум на мојата земја, имаме прекрасни градови, големи луѓе. Ќе продолжиме да се бориме и ќе победиме, но цената е висока. Толку мртви… Живееме во 2022, а не во Втората светска војна. Си заминавме од Москва пред целосно да биде блокирана. Не можевме да слетаме во Диселдорф, така што отидовме во Амстердам. Мојот татко, мојата сопруга и децата се тука сега. Ми беше многу лошо последните четири дена. Ги гледам сите видеа од мојата земја и ми изгледа нереално како филм. Но, хорор филм. Сега сакам да помогнам. Со пари, со било што. Не знам дали треба да кажам, но да бев во Украина, ќе имав пушка во раце“, вели Вороњин.

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината