Седум лица на Куба починаa, а 41 се пренесени во болница со симптоми на тешко труење, откако пиеле рум купен на црниот пазар, јави кубанската телевизија.
Медицинските истражувања утврдиле присуство на метил алкохол кај затруените, кој е крајно токсичен и може да предизвика смрт или трајни оштетувања, вклучувајќи и слепило.
Според соопштение на кубанското Министерство за здравство, осуммина од хоспитализираните лица се наоѓаат во критична состојба.