Макрон инсистирал од Путин веднаш да се воспостави прекин на огнот

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон е во постојана комуникација со украинскиот колега Володимир Зеленски, пофалувајќи го за неговото големо чувство за одговорност, напиша шефот на француската држава на својот фејсбук-профил.

Тој остварил телефонски разговор и со рускиот претседател Владимир Путин, повторувајќи му го барањето на меѓународната заедница за прекин на руската офанзива против Украина, и инсистирал на потребата веднаш да се воспостави прекин на огнот.

– Откако започнаа разговорите меѓу руската и украинската делегација, побарав од него да ги прекине сите напади и нападите врз цивили и населени места, да ја зачува целата цивилна инфраструктура и да ги обезбеди главните патишта, напиша Макрон на Фејсбук, додавајќи дека Путин ја потврдил својата подготвеност да се посвети на овие точки.

Францускиот лидер побарал почитување на меѓународното хуманитарно право и заштита на цивилното население, како што е испораката на помош. Во врска со ова, Франција поднесе резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации.

– За да се спречи влошување на ситуацијата, му предложив на претседателот Путин да останеме во контакт во наредните денови и ќе продолжиме со нашите дискусии, истакна Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади

Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

А1он