Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе биде домаќин на онлајн разговори со сојузниците и партнерите во врска со руско-украинскиот конфликт.
САД соопштија дека рускиот претседател ја ескалира војната со „опасна реторика“. Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки рече дека Путин покажал модел на „произведени закани“ кои не постојат со цел да се оправда понатамошната агресија.
Повикот ќе се одржи во 11:15 часот по локално време (16:15 GMT). Руските и украинските власти се состанаа на белоруската граница денеска за да разговараат за прекин на огнот.
Извор: МИА