Инспектори на ОН ќе ги испитаат тврдењата за употреба на хемиско оружје во Сирија

Од:

Инспектори на Обединетите нации ќе ја посетат Сирија со цел да ги проверат тврдењата дека при конфликтот во земјата се извшени три напади со хемиско оружје.

Портпаролот на ОН, Мартин Незирски изјави дека зелено светло за испитување на случајот било добиено по минатонеделаната посета на Дамаск на шефот за прашањата за разоружување на ОН Анџела Кејн и на раководителот на групата инспектори Оке Селстром.

Незирски нагласи дека инспекторите ќе го посетат населеното место Хан ал-Асал, во близина на Алепо, каде на 19 март според твдењата, бил употребен гасот сарин во нападот во кој загинале најмалку 30 лица.

Режимот на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците меѓусебно е обвинуват за овој напад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија