Ковачевски – Вархеји: Почетокот на преговорите за Македонија не смее да чека

Од:

Како дел од работната агенда за учество на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Лондон, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот Фатмир Бесими, премиерот Ковачевски и комесарот Вархеји се согласија дека се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија на релација Скопје – Софија. Европската интеграција на Северна Македонија не смее да се одлага ниту ден повеќе и затоа неопходно е да се искористат француското претседателство и поволниот амбиент кој постои во моментов за изнаоѓање решенија, нагласија двајцата соговорници.

На средбата беше истакнато дека Западен Балкан е европски регион и дека интеграцијата на земјите од овој регион подразбира и нивно членство во Европската Унија.

На економски план, премиерот Ковачевски ја истакна одличната соработка со ЕБОР која со поддршката на големите инфраструктурни проекти го следи развојот на Северна Македонија и учествува во забрзувањето на процесите за постигнување на европските стандарди, како една од главните цели на политиките на финансиските институции на ЕУ.

Премиерот Ковачевски на средбата нагласи дека во контекст на новите глобални предизвици со кои се соочува светот, Владата на Северна Македонија внимателно ја следи и ги презема сите активности за да се одржи постоечката поддршка на странските и домашните инвестиции, како и да се елиминираат потенцијалните негативни ефекти врз економска активност во земјата.

Во однос на утврдувањето и развојот на стратешките инвестиции на полето на енергетска транзиција во државата и решавање на предизвиците од енергетската криза, еврокомесарот Вархеји најави соодветна поддршка за Северна Македонија преку европските институции.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината