Членките на ЕУ се поделени околу проширувањето со Украина

Од:

Меѓу 27-те земји членки на ЕУ има поделеност околу проширувањето на Унијата, откако Киев денеска побара членство во екот на руската инвазија, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

-Во ЕУ има различни ставови и чувствителност во однос на проширувањето, рече тој.

Украинскиот претседател Зеленски во екот на руската инвазија на ЕУ денеска побара итен прием на Украина во Унијата.

-Бараме од Европската унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно, рече украинскиот претседател

Мишел, меѓутоа, појаснува дека Киев ќе треба да поднесе формална апликација за пристапување, по што земјите-членки ќе треба да излезат со едногласна позиција.

Претходно денеска претседателот на Европскиот совет изјави дека треба да се разговара за евентуалното членство на Украина во ЕУ.

-Ова се дебати кои дефинитивно ќе се одржат, рече тој на прашањето дали ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за Украина. „Но, ние веќе имаме многу силен договор со Украина што треба да се засили“, рече Мишел.

-Тоа ќе ги зајакне економските и политичките врски со Украина, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск