Во петокот, Украинците масовно пребаруваа на Интернет инструкции за правење молотови коктели.
Тие го направија тоа откако заменик-министерот за одбрана на земјата, Ана Малиар, ги повика цивилите да помогнат во одбраната од руските сили кои се приближуваа до главниот град Киев во тоа време.
Малиар ги повика Украинците да направат молотови коктели, да земат оружје и да се приклучат на украинската армија.
Податоците од Google покажуваат дека во Украина после тоа бројот на пребарувања со зборовите „молотов коктел“ нагло се зголемил.