Руската полиција уапси повеќе од 900 луѓе на антивоените протести во 44 руски градови, со што вкупниот број уапсени се искачи на повеќе од 4.000 од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, објави невладината организација за мониторинг на протестите ОВД-Инфо.
Повеќе од 100.000 луѓе протестираа денеска во Берлин во знак на солидарност со Украина, откако илјадници се собраа во саботата во Сиднеј, Лисабон и Вашингтон, а дополнителни протести се планирани и за попладнево.
Западните сојузници на Украина воведоа досега невидени санкции на Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина.
Извор: МИА