Подољак: Ставот на Зеленски е преговори без ултиматуми

Од:

Украина е исклучиво за „реални” преговори со Русија за нејзината воена офанзива, без какви било ултиматуми, изјави денеска Микаило Подољак, советникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Подољак ја нарече „пропаганда“ одлуката на Москва да испрати делегација во Белорусија на преговори.

Официјален Кремљ претходно соопшти дека руска делегација веќе пристигнала во Гомел во соседна Белорусија, каде ги чекала Украинците.

Зеленски ги отфрли предлозите за разговори во Белорусија, притоа обвинувајќи го Минск затоа што дозволува руски трупи оттаму да влегуваат на украинска територија. Сепак, тој не ја исклучува можноста за разговори на друго место.

„Тие пристигнаа во Гомел знаејќи дека тоа е бесмислено. И сега велат чекаме“, рече советникот Михаило Подољак. Позицијата на Зеленски останува непроменета „само вистински преговори, без ултиматуми“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат