А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Спасов во работна посета на Битола

by А1он31/07/2013 - 16:13194
Share0

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска беше во работна посета на општина Битола, при што оствари средба со градоначалникот Владимир Талески.

Следете a1on на Instagram Instagram

На средбата со градоначалникот Талески, информираше министерот Спасов, била договорена динамиката на активности за реализација на акцијата „Се грижиме за топол дом“, како и за завршување на проектите и посебно изградбата на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола.

– Проектот „Се грижиме за топол дом“ ќе го реализираме во соработка со сите општини и затоа ги поканувам битолчани да се вклучат во овој проект, односно сите што имаат вишок апарати за домаќинство, мебел и друга покуќнина да ја донираат бидејќи ќе биде наменета за граѓаните кои имаат потреба за ваква донација. Акцијата ќе биде континуирана, со цел да им се помогне на семејствата што се во социјален ризик, посочи министерот Спасов на прес – конференција.

Градоначалникот Талески меѓу другото го информирал министерот Спасов за проектите што се реализираат од социјалната сфера, вклучувајќи ги и трите нови детски градинки во овој град.

– Општина Битола 100 процентно ќе се вклучи во акцијата „Се грижиме за топол дом“ која е прецизно организирана и со јасни надлежности на општината. Често се случува визбите на граѓаните да бидат преполнети со работи од кои тешко се откажуваат како што се на пример одредена облека, мебел и друга покуќнина. За жал тоа често завршува на депонија, но за да тоа не се случува ние ќе помогнеме и ќе се организираме тие ствари да стигнат до граѓаните на кои им се потребни. Затоа ќе помогнеме за пренос и транспорт на сите предмети, што значи создаваме услови за подобар живот и на една категорија на луѓе како што секое општество ги има, а на кои треба да им помогнеме, посочи Талески.

За време на престојот во Битола министерот за труд и социјална политика Спасов во придружба на градоначалникот Талески ги посети дневниот Центар за деца од улица, Центарот за лица со посебни потреби, Домот за доенчиња и мали деца, како и Домот за стари лица „Сју Рајдер“ кој е во изградба и се очекува до крајот на годината да биде пуштен во употреба.

Следете a1on на Youtube YouTube
vlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто