Гордини верзијата на четвртата генерација Рено Клио со 230 коњски сили пристигнува во 2014 година.
Новиот Рено Клио Гордини, како и досега ќе се разликува од останатите верзии благодарение на специјалниот визуелен идентитет.
Понудата опфаќа неколку комбинации на бои, како основната Гордини сина, потоа Ледено бела со сини спортски линии, Огнено црвена нијанса со платинесто бели фелни и Платинесто Сива со контрасни Гордини сини фелни.
Клио Гордини ќе биде опремен со Рекаро спортски седишта и спортски управувач во комбинација со црна кожа и секако синото Гордини лого.
На располагање е мултимедијалниот Р-линк систем со РС Монитор.
За погонот е задолжен 1,6 литарски турбо-бензински мотор со 230 коњски сили.
Рено Клио Гордини од Клио РС е помоќен за 30 коњски сили, но и полесен за околу 25 килограми.
Заедно со спортски прилагоденото подвозје, Клио Гордини ќе биде опремен со специјално дизајнирани 18 инчни алуминиумски фелни. Од 0 до 100 километри на час Клио Гордини развива за 5,9 секунди, а максималната брзина изнесува 250 километри на час.
Цената на новиот Рено Клио Гордини се очекува да се движи околу 28.000 евра.