САД: Санкциите за руската централна банка може да предизвикаат „слободен пад“ на рубљата

Од:

САД заедно со западните сојузници најавија санкции и за Банка на Русија, руската централна банка, се дознава од синоќешната заедничка изјава на САД, ЕК, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Канада.

Покрај исклучувањето на избрани руски банки од системот SWIFT, цел на најавените санкции е и руската централна банка. Новата рунда финансиски мерки без преседан е со цел “Русија да се повика на одговорност и да дадеме до знаење дека војната (во Украина) е стратегиски пораз на Путин“.

-Со ова Руската централна банка ќе биде блокирана да ги користи своите странски резерви и со тоа да го ублажува ударот од санкциите, се вели во изјавата.

Според американски официјални лица, санкциите кои се очекува да бидат спроведени во текот на идната недела, ќе предизвикаат „слободен пад“ на рубљата, нагорна инфлација во руската економија, а земјата ќе се соочи со отежнат увоз и извоз на стоки.

-Падот на рубљата најверојатно ќе предизвика инфлаторна спирала со што ќе бидат погодени обичните Руси, не само руските елити кои се цел на првичните санкции. Како резултат на нарушената економија Путин може да се соочи со масовни политички протести.

Ова ќе биде прв ваков случај на блокада на централна банка на таква голема економија како руската. Ако мерките се спроведат Банка на Русија ќе биде блокирана да користи резерви во висина од 640 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца