МНР: Обезбеден транспорт за евакуација на нашите државјани кои се во Одеса

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со партнерски земји обезбедило транспорт за евакуација на нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Одеса, Украина.

– Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување, велат од МНР.

Дополнително, Министерството за надворешни работи известува дека прави напори да обезбеди начини за евакуација и за нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Харков и Киев, за што велат дека дополнително ќе информираат.

– Дополнително, во текот на денот, Министерството за надворешни работи имаше неколку јавувања од наши граѓани, транспортери на камиони, кои заради воените дејствија во Украина беа заглавени на украинско-полската и украинско-романската граница. Амбасадите во Букурешт и Варшава, цел ден активно комуницираат со полските и романските власти, а се обидуваат и преку украинските конзулати во Романија и Полска да им помогнат на овие наши превозници за да ја напуштат украинската територија без да претрпат економски последици. Истовремено апелираме до сите транспортни превозници да се воздржат од проток и патувања кон Украина затоа што состојбите се крајно непредвидливи и нашите институции не можат да им ја гарантираат нивната безбедност, соопшти МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија