Шолц: Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковско оружје и 500 ракети „Стингер“

Од:

Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковски орудија и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ од резервите на Бундесверот за да може оваа нападната земја да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Руската инвазија на Украина означува пресвртница. Наша должност е да дадеме се од себе за да ја поддржиме Украина во одбраната од инвазијата на војската на Путин“, напиша Шолц на Твитер, пренесоа британските медиуми.

Претходно денеска германската Влада ја одобри испораката на 400 ракетни фрлачи (РПГ) од Холандија во Украина, што значи драстична промена во политиката на Берлин по критиките од западните сојузници.

-Во кабинетот на канцеларот е потврдено одобрувањето за извозот на оружје. Ракетните фрлачи се испратени од германските воени резерви, изјави портпаролот на германското Министерство за одбрана.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина