Огромна колона тенкови се движи кон границата кај Харков, јавува Си-Ен-Ен.
WOW @fpleitgenCNN is live on CNN right now showing an enormous column of Russian tanks moving toward the border near Kharkiv as night has fallen in Russia and Ukraine pic.twitter.com/Ge14jiO51x
— Nora Neus (@noraneus) February 26, 2022
Си-Ен-Ен претходно објави дека најголемата борба денеска е околу Харков.
„Ова е нешто што го гледаме цел ден. Сè повеќе тенкови и друга тешка воена опрема се движат кон линијата на фронтот“, рече дописникот на Си-Ен-Ен од Русија.
#Ukraine ??: shelling tonight in #Kharkiv. pic.twitter.com/3hFpGoGP7J
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 26, 2022
Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, поранешниот аеродром во Бердјанск паднал во рацете на Русите. Ако оваа информација се потврди, тоа би значело дека патот до Мариупол е отворен за руските војници.
Во меѓувреме Украинската железница соопшти дека украинските вооружени сили ги кренале во воздух сите пруги што ги поврзуваат Русија и Украина.
Украинската армија објави, а медиумите пренесоа, дека биле соборени руски борбени авиони СУ-30 во Црното Море.