А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вработени во велешката болница не ја почитувале забраната за пушење

by А1он31/07/2013 - 14:21344
Share0

Законот за заштита од пушење не се почитува од страна на дел од вработениот персонал во Општата болница-Велес, констатира Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ), кој во текот на вчерашниот ден изврши вонреден инспекциски надзор во таа здравствена установа.

Добивај вести на вибер

ДСЗИ соопшти дека во Одделението за невропсихијатрија во просторијата која функционира како заедничка просторија и која е означена како работна соба, од страна на инспекторите било забележано присуство на чад од цигари, а во корпата за комунален отпад биле затекнати картонски кутии од цигари, како и неколку отпушоци.

Во Дневниот центар за третман и рехабилитација на дроги и психотропни супстанци во состав на истото одделение, како што се наведува, на приземјето од деловната зграда каде влезот се дели со пациенти за преглед во специјалистичко-консултативната амбуланта се затекнати многу отпушоци од пациентите на метадонска терапија.

Од надзорот над хируршкото одделение во болницата се констатира дека поголем дел од докторските соби се заклучени и неозначени, додека во една од докторските соби се констатирани исто така повеќе отпушоци во корпата за отпадоци кои се фотографирани. Докторската соба е затекната во лоша хигиенска состојба, присуство на чад и непријатна миризба на тутун, посочуваат од ДСЗИ.

Заради констатираните недостатоци во однос на непочитување на  Законот за заштита од пушење од дел од здравствениот кадар во оваа здравствена установа, Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе поднесе прекршочна пријава до Општата болница Велес.

Согласно Законот, за овој вид прекршок е предвидена глоба од 2.000 до 4.500 евра, во денарска противвредност за установата. За директорот на установата како одговорно лице е предвидена глоба од 500 до илјада евра, додека за физичко лице од 150 до 300 евра, во денарска противвредност.

ДСЗИ продолжува со засилен интензитет да го контролира спроведувањето на законските прописи во областа на здравството, со цел градење на пациент-центричен систем, односно здравствен систем во кој пациентот е во центарот на вниманието на здравствената заштита, стои во соопштението.

pusenje

Би можело да ве интересира

Строги мерки без резултати? Прашања за ефектите од новиот закон за заштита од пушењето

Горан Наумовски13/02/2026 - 14:1713/02/2026 - 14:46

Европски примери што предупредуваат: Кога забраните за тутунски и никотински производи не функционираат

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 11:3410/02/2026 - 13:54

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 10:51

Ригорозните мерки од Законот за пушење ги ставаат малите дуќани под закана од затворање

А1он30/01/2026 - 13:2030/01/2026 - 13:26

Алиу: Новиот закон го уредува пушењето на отворени места каде се движат многу граѓани

Горан Наумовски21/01/2026 - 17:53

Стапката на пушење останува висока – дали рестриктивниот пристап дава резултат?

Горан Наумовски20/01/2026 - 11:5520/01/2026 - 12:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен