Бројот на работници во индустријата, според објaвените статистички податоци, бележи пораст. Во јуни годинава во однос на јуни лани бројот на работници во индустријата бележи раст од 0,5 проценти, а во првите шест месеци од годинава во споредба со шесте месеци од минатата година има пораст од 0,6 проценти.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 8,4 проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,1 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 7,9 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 отсто и Капитални производи за 6 проценти.