Блинкен: САД ќе обезбедат дополнителна воена помош од 350 милиони долари за Украина

Од:

Соединетите Американски Држави ќе обезбедат дополнителна воена помош од 350 милиони долари за Украина за борба против руската инвазија, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

„Овој пакет ќе вклучува дополнителна смртоносна одбранбена помош за да и помогне на Украина да се справи со оклопните, воздушните и другите закани со кои се соочува“, се вели во изјавата на државниот секретар.

Белата куќа претходно соопшти дека претседателот Џо Бајден го овластил Блинкен да обезбеди до 350 милиони долари итна поддршка за безбедноста и одбраната на Украина.

Изјавата доаѓа по 40-минутниот разговор меѓу Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно, за време на кој тие разговарале за „конкретна одбранбена помош“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои