Приведени двајца измамници, пронајден златен накит

Од:

Вчера попладне, во 17.20 часот на улицата „Востаничка“ од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода биле лишени од слобода Г.Г.(45) и Ј.Г.(19) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“ по чл.247 од КЗ на РСМ, извести МВР.

„Имено пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња, а за возврат му зеле поголема количина на златен накит во вредност од околу 120.000 денари (2000 евра). Сторителите биле со патничко моторно возило “фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на рента кар компанија. Од страна на полициски службеници по превземени мерки двајцата биле лоцирани во апартман во населбата Црниче. Известен бил Јавен обвинител, а потоа со судска наредба извршен бил претрес во апартманот каде престојувале, претрес на лицата како и преглед на две патнички моторни возила “ фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “ауди“ со австриски национални ознаки“, соопшти МВР.

Од извршениот претрес пронајдени биле златниот накит, облека како и еден сет ножеви кои се одземени. Златниот накит е вратен на оштетениот. За горенаведеното сторено кривично дело “измама“ по целосното документирање, од страна на ОКР Ѓорче Петров ќе следи кривична пријава, а осомничените ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи