(ВИДЕО) Шутаров: Пропаднаа сите оправдувања на Арсовска, да продолжи изградбата на Универзална

Од:

„Стручната јавност, архитектите, градежниците, статичарите ја демантираа Данела Арсовска и потврдија дека проектот за реконструкција на Универзална сала е по сите стандарди и е целосно безбеден. Со ова паднаа во вода сите оправдувањата на Арсовска за стопирање на овој важен проект за скопјани, за културата во главниот град, но и за целата држава“, рече Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

„Се расчисти маглата со која Арсовска се обидуваше да ја покрие сопствената незаинтересираност да го продолжи и да го заврши овој проект.

Нема веќе простор за оправдувањата околу неработата и прекинувањето на овој проект.

Арсовска треба да им се извини на граѓаните и веднаш, без одлагање да продолжи со реализација на реконстрикцијата на Универзална сала.

Универзална сала е симболот и душата на Скопје, и не треба да биде предмет на политиканство и реваншизам, бидејќи граѓаните знаат и ценат кој работи во нивен интерес.

За овој проект Владата предводена од СДСМ одвои 2 милиони евра, и проектот е започнат со реализија.

Неколку месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешен градоначалник на Градот Скопје

Скопје и неговите граѓани не заслужуваат ваква незаинтересираност и однос од страна на новата градска администрација.

Уште еднаш апелираме како советничка група во Градот Скопје, да се препознае развојната компонента во сите до сега стопирани проекти од страна на новата градска администрација, истите да се продолжат бидејќи бенефитите ќе ги користат сите граѓани на Градот Скопје“, изјави Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени