Лидерот на терористичката мрежа Ал Каеда, Ајман ал Завахири го критикуваше американскиот однос кон затворениците од Гвантанамо, кои штрајкуваат со глад, и вети дека ќе се направат сите напори тие да бидат ослободени.
– Штрајкот со глад на нашите браќа во Гвантанамо го покажува вистинското грозно лице на Америка. Се колнам пред Господ дека ќе ги направам сите напори за да ги ослободам нашите затвореници, меѓу кои се наоѓаат Омар Абдел Рахман, Афија Сидики, Халил Шеик Мохамед, како и секој потценет муслиман ширум светот, истакна Завахири.
Тој не потврди што планира да преземе, но веќе се извршени киднапирања на граѓани од западни земји во обид да бидат разменети со затвореници.
Заваири оцени и дека вклучувањето на шиитската милитантна група Хезболах во конфликтот со Сирија е обид да се помогне за воспоставување иранска хегемонија врз земјата. Лидерот на Ал Каеда ги осуди нападите на беспилотни авиони врз исламистите, што според него претставува неуспех на мисијата на САД во Авганистан, Пакистан и Јемен.