Мирен протест пред руската амбасада во Атина

Од:

Со пораки за мир и против војна, грчките опозициски партии СИРИЗА и Комунистичката партија одржаа одделни, мирни протести пред руската амбасада во Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Амбасадата на Русија беше под силно полициско обезбедување и на демонстрантите не им беше дозволено да се приближат до објектот.

Двете партии, СИРИЗА и Комунистичката партија одржаа одделни протести, а процените се дека вкупно и на двата собири имаше над 6.000 лица, кои мирно, испратија пораки за мир.

Демонстрантите од Комунистичката партија, од руската се упатија кон американската амбасада во Атина, каде што го продолжија протестот.

Неповрзано со организираните собири, пред амбасадата на Русија дојдоа и неколку украински државјани кои со плакати во боите на украинското знаме, упатија поддршка за нивната земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски