Кремљ: Путин му потврди на кинескиот претседател Си дека Русија е подготвена да разговара со Украина

Од:

Рускиот претседател е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со претставници на Украина, соопшти денеска Кремљ по телефонскиот разговор на Владимир Путин со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Путин му рекол на Си дека руската воена операција во Украина е неопходна за заштита на луѓето од „геноцид“, соопшти Кремљ, обвинување што Западот го нарекува неоснована пропаганда.

Кремљ соопшти дека Си ги почитува дејствијата на Русија и дека е подготвен за блиска координација и взаемна поддршка во Обединетите нации, каде и двајцата имаат постојани членки на Советот за безбедност со право на вето.

Кинеската новинска агенција Синхуа по телефонскиот разговор лиферуваше само кусо соопштение. „Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека кинеската страна ја поддржува руската страна во решавањето на проблемот преку преговори со украинската страна“, пренесе Синхуа.

– На 25 февруари, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека е подготвен да разговара за неутралниот статус на Украина, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. Тој вели дека уште на почетокот Путин кажал дека „целта на операцијата е да им се помогне на ДНР и ЛНР, вклучително и преку денацификација и демилитаризација на Украина. И ова, всушност, е составен дел на неутралниот статус, рече Песков, пренесува руската државна агенција ТАСС.

– Во овој контекст, како одговор на предлогот на Зеленски, Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на ниво на претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и претседателската администрација за преговори со украинската делегација.

Според портпаролот на Кремљ, белорускиот претседател Александар Лукашенко го уверил Путин дека Минск ќе биде подготвен да ги создаде сите неопходни услови за разговори меѓу Украина и Русија. Тој изразил подготвеност да ги создаде сите неопходни услови за пристигнување на делегации, обезбедување на нивниот имунитет и безбедност и одржување на изјави по преговорите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски