Американската Амбасада во Киев во безбедносното предупредување, што го издаде во текот на ноќта, повторно ги повика американските граѓани во Украина „веднаш да заминат доколку е безбедно да го сторат тоа користејќи каква било комерцијална или друга опција за приватен транспорт на земја“.
Тие што остануваат, додава Амбасадата на САД, „треба да бидат дополнително внимателни против опасноста од активни борби, криминал и граѓански немири“.
Извор: МИА