Министерството за надворешни работи на Авганистан објави соопштение во кое се наведува дека талибанците внимателно ја следат ситуацијата меѓу Русија и Украина и дека се загрижени за можните цивилни жртви.
„Исламскиот емират Авганистан во склад со совојата политика на неутралност во надворешната политка, ги повикува двете страни во судирот да ја решат кризата со дијалог и на мирен начин“ – се вели во соопштението.
Талибанската влада исто така ги повика страните во судирот да ги заштитат животите на авганистанските студенти и мигранти во Украина.